КЛОНИРАНИ КУЧИЊА ОТКРИВААТ РАК КАЈ ЛУЃЕ
Клонираните кучиња откриваат карцином кај луѓето. Јужнокорејска фирма клонираlа дури четири такви кутриња
Во Јужна Кореја кутренца се „создадени“ да откријат, поточно да ги намирисаат канцерогените заболувања кај луѓето. Био-претпријатиeто RNI неодмма на сопственици на кучиња им понудила да им ги клонира домашните миленици. Од фирмата изјавуваат дека кучињата се клонирани за да ги спасат луѓето, кои можат да умрат од дрога, експлозив или разни видови рак.
Истражувањата покажале дека кучињата имаат изострено сетило за мирис со кое можат да го „намирисаат“ канцерот. Според некои теории, станиците на ракот емитираат посебен препознатлив мирис.
Потфатот е остварен во соработка со една јапонска лабораторија која се занимава со истражувања на матичните клетки. Секое клонирање ваков пес чини околу половина милион долари. Четирите мали лабрадори есенва ќе бидат однесени во Јапонија каде ќе бидат специјално тренирани.
0 comments:
Post a Comment