Friday, May 8, 2009

СПАСЕН ЗАМРЗНАТ БЕРНАРДИНЕЦ



Пожарникарот Брендон Флеури, успеал на време да го спаси 16 месечниот бернардинец кој паднал во замрзнатото езерце кое се наоѓа во рамките на голф клубот во Билингс. Овој пат човекот успеа да го спаси денот.

16 месечното куче по име Дук, паднал низ замрзнатиот мраз во езерцето во Билингс,откако избегал од својот двор. Тоа успеало да се извлече надвор, но на крај завршило замрзнато за мразот. Човек што го одржувал голф-паркот го забележал кучето и повикал помош. Два пожарникари во санка за на мраз успеале да пристигнат до кучето. Тие го разкршиле мразот околу кучето т.е. околу неговата опашка која била замрзната во езерото, за после тоа да го однесат до брегот заедно со големо парче мраз. Бернардинецот од 50 килограми, откако го исушиле и затоплиле во ветеринарната станица, се чуствува подобро и е надвор од животна опасност.

0 comments:

Yellow Puppies Blogger Template | Template Design | Elque 2008