Tuesday, May 12, 2009
Friday, May 8, 2009
СПАСЕН ЗАМРЗНАТ БЕРНАРДИНЕЦ
16 месечното куче по име Дук, паднал низ замрзнатиот мраз во езерцето во Билингс,откако избегал од својот двор. Тоа успеало да се извлече надвор, но на крај завршило замрзнато за мразот. Човек што го одржувал голф-паркот го забележал кучето и повикал помош. Два пожарникари во санка за на мраз успеале да пристигнат до кучето. Тие го разкршиле мразот околу кучето т.е. околу неговата опашка која била замрзната во езерото, за после тоа да го однесат до брегот заедно со големо парче мраз. Бернардинецот од 50 килограми, откако го исушиле и затоплиле во ветеринарната станица, се чуствува подобро и е надвор од животна опасност.
Posted by zorica krsteva at 7:09 AM 0 comments
Tuesday, May 5, 2009
КЛОНИРАНИ КУЧИЊА ОТКРИВААТ РАК КАЈ ЛУЃЕ
Клонираните кучиња откриваат карцином кај луѓето. Јужнокорејска фирма клонираlа дури четири такви кутриња
Во Јужна Кореја кутренца се „создадени“ да откријат, поточно да ги намирисаат канцерогените заболувања кај луѓето. Био-претпријатиeто RNI неодмма на сопственици на кучиња им понудила да им ги клонира домашните миленици. Од фирмата изјавуваат дека кучињата се клонирани за да ги спасат луѓето, кои можат да умрат од дрога, експлозив или разни видови рак.
Истражувањата покажале дека кучињата имаат изострено сетило за мирис со кое можат да го „намирисаат“ канцерот. Според некои теории, станиците на ракот емитираат посебен препознатлив мирис.
Потфатот е остварен во соработка со една јапонска лабораторија која се занимава со истражувања на матичните клетки. Секое клонирање ваков пес чини околу половина милион долари. Четирите мали лабрадори есенва ќе бидат однесени во Јапонија каде ќе бидат специјално тренирани.
Posted by zorica krsteva at 8:19 AM 0 comments
ЛАБРАДОР
Лабрадор Ретривер e доста познат ретривер. Се смета дека Лабрадорот е една од најпознатите раси на куче во светот и според најновите регистрирања на оваа раса докажано е дека е најпопуларната раса во САД (уште од 1991), Полска , и во уште неколку други земји. Тие се доста пријатни, нежни, интелигентни, полни со енергија и со добра природа и Лабрадорите се сметаат за најдобро куче за забава и придружба (дури и за децата). Лабрадорите се всушност класичен пример за куче. Многу луѓе имаат кажано дека самата помисла на куче асоцира на Лабрадорот Ретивер.
Posted by zorica krsteva at 8:08 AM 0 comments
Friday, May 1, 2009
АЉАСКИ МАЛАМУТ
ИЗГЛЕД:
Маламутот има густо и грубо надворешно влакно, а под него има масно и волнесто влакно. Дозволени бои се волчја или црно-бела боја, секогаш со посветол стомак и светла њушка. Можат да бидат и сосема црни и сосема бели, или црвенкасто кафени или прљаво бели.
КАРАКТЕР И ТЕМПЕРАМЕНТЕН:
Маламутот е приврзан, интелигентен, мил, верен, малку тврдоглав и доминатен пес.Учи брзо и многу е издржлив.Добро се согласува со деца и брзо склопува пријателства.У повеќето случаеви не се согласува со другите машки кучиња.
ОБУКА И ГРИЖА:
Не сака често четкање, но кога се митари треба да се четка со груба четка. Бра строг пристап за време на дресура, но и многу физичка активност(барем еден час дневно напорно трчање).
Posted by zorica krsteva at 1:16 PM 0 comments
ЛАВ И ЛАВИЦА
Posted by zorica krsteva at 5:16 AM 0 comments