Tuesday, May 12, 2009

ДЕЛФИН


Делфинот е морски цицач. Тој е близок сродник на китот. Постојат речиси 40 видови на делфини распоредени во 17 родови. Тие варираат од 1,2 метри во големина и 40 kg во тежина, па сѐ до 9,5 метри и десет тони. Можат да се најдат насекаде во светските мориња, а најмногу во поплитките мориња на крајбрежните гребени. Делфините се месојади и најмногу се хранат со риби и лигњи. Фамилијата на Delphinidae е најголема во редот Cetacea и релативно најмлада: делфините еволуирале пред околу 10 милиони години, за време на Миоцен. Овие животни се сметаат за едни од најинтелигентните, а нивното пријателско расположение и игривост ги направиле популарни во човечката култура.

Friday, May 8, 2009

СПАСЕН ЗАМРЗНАТ БЕРНАРДИНЕЦ



Пожарникарот Брендон Флеури, успеал на време да го спаси 16 месечниот бернардинец кој паднал во замрзнатото езерце кое се наоѓа во рамките на голф клубот во Билингс. Овој пат човекот успеа да го спаси денот.

16 месечното куче по име Дук, паднал низ замрзнатиот мраз во езерцето во Билингс,откако избегал од својот двор. Тоа успеало да се извлече надвор, но на крај завршило замрзнато за мразот. Човек што го одржувал голф-паркот го забележал кучето и повикал помош. Два пожарникари во санка за на мраз успеале да пристигнат до кучето. Тие го разкршиле мразот околу кучето т.е. околу неговата опашка која била замрзната во езерото, за после тоа да го однесат до брегот заедно со големо парче мраз. Бернардинецот од 50 килограми, откако го исушиле и затоплиле во ветеринарната станица, се чуствува подобро и е надвор од животна опасност.

Tuesday, May 5, 2009

КЛОНИРАНИ КУЧИЊА ОТКРИВААТ РАК КАЈ ЛУЃЕ

Клонираните кучиња откриваат карцином кај луѓето. Јужнокорејска фирма клонираlа дури четири такви кутриња

Во Јужна Кореја кутренца се „создадени“ да откријат, поточно да ги намирисаат канцерогените заболувања кај луѓето. Био-претпријатиeто RNI неодмма на сопственици на кучиња им понудила да им ги клонира домашните миленици. Од фирмата изјавуваат дека кучињата се клонирани за да ги спасат луѓето, кои можат да умрат од дрога, експлозив или разни видови рак.
Истражувањата покажале дека кучињата имаат изострено сетило за мирис со кое можат да го „намирисаат“ канцерот. Според некои теории, станиците на ракот емитираат посебен препознатлив мирис.
Потфатот е остварен во соработка со една јапонска лабораторија која се занимава со истражувања на матичните клетки. Секое клонирање ваков пес чини околу половина милион долари. Четирите мали лабрадори есенва ќе бидат однесени во Јапонија каде ќе бидат специјално тренирани.

ЛАБРАДОР


Лабрадор Ретривер e доста познат ретривер. Се смета дека Лабрадорот е една од најпознатите раси на куче во светот и според најновите регистрирања на оваа раса докажано е дека е најпопуларната раса во САД (уште од 1991), Полска , и во уште неколку други земји. Тие се доста пријатни, нежни, интелигентни, полни со енергија и со добра природа и Лабрадорите се сметаат за најдобро куче за забава и придружба (дури и за децата). Лабрадорите се всушност класичен пример за куче. Многу луѓе имаат кажано дека самата помисла на куче асоцира на Лабрадорот Ретивер.

Friday, May 1, 2009

АЉАСКИ МАЛАМУТ



Аљаски мламут е најстара рса кучиња за влечење санки. И мето го добил според името на екимското племе маламут, кое живеело во високите предели на западна Аљаска.
ИЗГЛЕД:
Маламутот има густо и грубо надворешно влакно, а под него има масно и волнесто влакно. Дозволени бои се волчја или црно-бела боја, секогаш со посветол стомак и светла њушка. Можат да бидат и сосема црни и сосема бели, или црвенкасто кафени или прљаво бели.
КАРАКТЕР И ТЕМПЕРАМЕНТЕН:
Маламутот е приврзан, интелигентен, мил, верен, малку тврдоглав и доминатен пес.Учи брзо и многу е издржлив.Добро се согласува со деца и брзо склопува пријателства.У повеќето случаеви не се согласува со другите машки кучиња.
ОБУКА И ГРИЖА:
Не сака често четкање, но кога се митари треба да се четка со груба четка. Бра строг пристап за време на дресура, но и многу физичка активност(барем еден час дневно напорно трчање).

ЛАВ И ЛАВИЦА



Лвот е голем цицач од фамилијата мачки. Мжјакот лав лесно се препознава по својата грива, а тежи измеѓу 200 до 260 килограми. Женките се помалку тешки од 160 до 180 килограми.Во дивините лавовитеживеат околу 10-14 години, додека во затворени услови, на пример зоолошките, тие живеат до преку 20 години. Некогаш живееле ширум Африка, Азија и Европа, додека денес можат да се најдат само во дивините во Африка и Индија. Живеат во саваните и секогаш ловат во групи.
ФИЗИЧКИ ИЗГЛЕД: Лвот мажхак е втора најголема мачка во светот, и единствена која има грива и опаш кој завршува со туфна.Мускулестото тело на лавицата ја прати линијата на нејзиниот скелет. Лвицата има округла глава, кратко лице, еластично тело, прилично долги нозе и долг опаш кој и помага во одржувањето на рамнотежа кога напага плен. Од двете страни на лицето и се наоѓаат осетливи бркови кои и помагат да се снајде во ноќта. Лвицат нема грива затоа што таа ќе и смета додека лови.Благодарејки на гривата мажјаците изгледаат поголеми отколку што се. Таа може дури и да му помогне да ги уплаши другите лавови.

Thursday, April 30, 2009

МИНИ ПИНЧЕР


Мини пинчерот е мала раса на кучиња од типот пинчер, која е создадена во Гермнија. Мини пинчерот прво бил создаден за лов на глодари а особено на глувци. Пинчер е германски збор за териер. Минијатурниот пинчер е исто така познат и под името „кралица на кучињата играчки“. Крзното е кратковлакнесто и мазно, а бојата може да биде чоколадна, црна или црвенеста.

Yellow Puppies Blogger Template | Template Design | Elque 2008