Thursday, April 30, 2009

СЛОН


Слонот е голем цицач што се карактеризира со присуство на долга и мускулеста сурла и две долги и извиени коски. Слоновите се високоинтелигентни и силни животни, а воедно се и најголемите копнени животни, како и животни со најдолг животен век, обично 60 години или повеќе. Здравите возрасни слонови немаат природни непријатели освен луѓето.
Низ историјата, луѓето ги ценеле слоновите поради нивната големина и сила. Ги користеле на бојното поле, како и за пренесување на тежок товар низ џунглите и за влечење на огромни дрвја од шумите.
Видови на слонови: има три видови на слонови, а тоа се: савански слон, африкански, и азиски слон. Од овие три вида на слонови најголем е саванскиот слон. Овие три вида на слонови се разликуваат по големината, бојата и други физички крактеристики.

0 comments:

Yellow Puppies Blogger Template | Template Design | Elque 2008