Thursday, April 30, 2009

МИНИ ПИНЧЕР


Мини пинчерот е мала раса на кучиња од типот пинчер, која е создадена во Гермнија. Мини пинчерот прво бил создаден за лов на глодари а особено на глувци. Пинчер е германски збор за териер. Минијатурниот пинчер е исто така познат и под името „кралица на кучињата играчки“. Крзното е кратковлакнесто и мазно, а бојата може да биде чоколадна, црна или црвенеста.

СЛОН


Слонот е голем цицач што се карактеризира со присуство на долга и мускулеста сурла и две долги и извиени коски. Слоновите се високоинтелигентни и силни животни, а воедно се и најголемите копнени животни, како и животни со најдолг животен век, обично 60 години или повеќе. Здравите возрасни слонови немаат природни непријатели освен луѓето.
Низ историјата, луѓето ги ценеле слоновите поради нивната големина и сила. Ги користеле на бојното поле, како и за пренесување на тежок товар низ џунглите и за влечење на огромни дрвја од шумите.
Видови на слонови: има три видови на слонови, а тоа се: савански слон, африкански, и азиски слон. Од овие три вида на слонови најголем е саванскиот слон. Овие три вида на слонови се разликуваат по големината, бојата и други физички крактеристики.

Wednesday, April 29, 2009

СИБИРСКИ САМОЈЕД



Самоједите се кучиња кои просечно живеат од 12 - 15 години. Тие се мирни кучиња кои се поврзани со целото семејство, односно со кругот на луѓе каде што живеат. Меѓутоа тие слушаат односно имаат само еден сопственик. Самоједите се кучиња кои сакаат да бидат во друштво на луѓе и кои сакаат да им се обрне поголемо внимание. Тие не се агресивни кучиња, меѓутоа знаат одлично да се бранат. За време на дресурата на овие кучиња секој човек ќе наиде на проблеми, бидејќи Самоједите не сакаат секогаш да го прават она што ќе им биде наредено, односно сакаат да водат инает. Сибирскиод самојед го добил своето име по племето кое се населило на територијата на денешен сибир (САМОЈЕД).

СИБИРСКИ ХАСКИ


Сибирскиот хаски е средно голема кучешка раса со густо влакно, која потекнува од источен Сибир. Се препознава по неговото густо двојно крзно, српеста опашка, исправени триаголни уши и својствени белези.

Активна, полна со енергија и еластична раса чии предци доаѓаат од екстремно студени и сурови средини во Сибирскиот Артик, и се појавиле во Аљаска за време на превземањето од страна на Америка, најчесто како кучиња кои влечат санки. Во брзо време станува кучешка раса к

изглед: Сибирскиот хаски е сличен на маламутот од Аљаска, и сличен на сите други раси кои доаѓаат од ова потекло како што е самоједот. Сибирските хаски имаат густо крзно како повеќето кучешки раси. Крзното е во варијација од бои и шаблони, обично со бели шепи и нозе, белези на лице, и бел крај на опашот. Најчести бои на хаски се црно-бели, сиво-бели, црвенкасто-бели, и целосно бели. За хаските се претпоставува дека имаат волчји изглед, но не и дека имаат некоја поврзаност со волкот. Се мисли дека го зачувува овој изглед ради изолираност на далечниот Сибир.
очи: Сибирските Хаски имаат кафени, сини, зелени, килибарски, лешник боја или светло кафени. Светло плавото око е исто така дел од карактеристиките но не целосно доминира генетски. Кучето може да има едно кафено или лешникаво око и другото плаво, или може плаво и друга боја миксана во шареницата на едното или двете очи. Оваа раса е една од ретките раси кои имаат различни очи и една од малкуте во која сините очи се секојдневни.
уши и опашка: Ушите им се триаголни, добро крзнени, средна големина и еректирани ( исправени нагоре ). Нивните уши се чувствителни и имаат одличен слух. Опашот им е сличен на опашката од лисица, тој е српест и навален на грбот. Многуте Сибирски Хаски имаат бел врв на опашот.

ГЕРМАНСКИ ОВЧАРСКИ ПЕС



Германски овчар, е позната раса на куче која е многу позната низ целиот свет и потекнува од Германија. Германските овчари се едни од најновите раси во светов, тие датираат уште од 1899. Овие кучиња всушност биле создадени за чување на овците по што го добиле и името. Нивната издржливост, интелигенција и бистрост ги доведува да работат во полицијата или во некои други воени гранки.

ШАРПЛАНИНЕЦ (КУЧЕ)

Шарпланинецот е овчарска раса на кучиња. Именуван е по планината Шара. Телото му е тешко помеѓу 30 и 45 kg. Височината му е околу 70 cm, а градниот обем 120 cm. Се карактеризира со добродушност, лојалност кон својот сопственик, дисциплинираност, брзина и адаптивност. Покажува голема приврзаност и трпение кон децата.
Опашката му е долга и достигнува до шепите. Во основата опашката е доста дебела, која постепенно се стеснува кон врвот. Покриена е со густо крзно, кое од долната страна е подолго. Опашката, кога е дигната, има форма на лак. Повеќето кучиња си ја завиваат опашката нагоре.
Шарпланинецот е еднобоен, со различни нијанси од бело до темно сиво, наместа и црно. Доминантната боја е поинтензивна во горната страна на главата, вратот и грбот. Од долната страна на телото бојата постепено избледнува до посветли нијанси — бледо сиво или жолтеникаво во долните страни на нозете.

БИРМАНСКА МАЧКА


Бирманска мачка е вид на домашна мачка, и позната е и како света мачка од Бурме, која по ништо не е слична на бурманаска мачка, која е вид на кратковлакна мачка. Бирманска мачка е позната по своите плави очи.

КАРАКТЕРИСТИКИ:
Бирманската мачка е средно голема и и ма тешки коски, и полудолги влакна.Има бели шепи,очите и се плави, округли и повеќе раздвоени.Носот и е изразен, а ушите и се ниско поставени.Многу е отпорна на болести, верна е и дружељубива.

Tuesday, April 28, 2009

ПЕРСИСКА МАЧКА




Персиска мачка е една од најстарата раса на домашни мачки. во почетокот на 20 век станала една од најпопуларните чистокрвни мачки, и била најзастапена на изложбите.Персиската мачка се смета за најмирна раса, толерантна спрема другите мачки и верна на свијот власник.Влакното и е долго и густо и бара секојдневно одржување, затоа што недоволната нега доведува до заплеткување на влакната и проблеми на кожата.Доколку влакното се замрси и не може веќе да се исчетка, тогаш мора да се исечат влакната.персиската мачка треба редовно да се бања за да не дојде до такви компликации со влакната

ГЛИСТИ ВО СТОМАКОТ НА КУЧЕТО


Сигурно се прашувате од каде се тие глисти во стомакот на кучината и дали е тоа опасно? Тоа не е воопшто опасно, глистите се создаваат од мајчиното млеко уште додека кучето е мало. За да се ослободи од нив потребно е да се дава сируп вермокс. Се дава две вечери по едно лажиче ставено во шприц, за да може кучето да го испие. Доколку се појават истите проблеми и кога кучето ќе има шест-седум месеци, тогаш се дава апче на три месеци додека не ги исфрли надвор.

ЧИВАВА(куче)


Чивава е најмалата раса на куче во светот и е именувана по државата Чивава која се наоѓа во Мексико. Таа е најмалото расно куче во светот но може да се најде со различен изглед. Има со долги и со кратки влакна, еднобојни Чивави и повеќебојни Чивави, со кратки опавчиња и со долги опашки и сл.

МАЧКИ


Обичната мачка е најраспространетиот вид од фамилијата мачки: како дива или домашна ја има насекаде. Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на жртвата ѝ се приближува со бесшумно прикрадување. И таа, како другите мачки, преде кога е задоволна. Со луѓето е од многу одамна. Во стариот Египет, мачката била дури свето животно. Бастет, на пример, била мачколика божица на музиката, на танцот и на мајчинството. За разлика од кучето, мачката е многу понезависна и приврзана им е само на оние што знаат да ја пленат! Се претпоставува дека домашната мачка потекнува од дивата мачка од стариот свет (Европа, Азија, Африка) која е малку поголема и има подолга опашка.

Tuesday, April 21, 2009

ОПШТО ЗА СЕКОЕ КУЧЕ(големо или мало)


Прво ке започнем да пишувам oпшто за секое куче, од почетокот кога ке се земе кучето дома па така натаму. Да се земе дома куче е голема одговорност, најпрво и најважно е тоа да се научи кучето своите физиолошки потреби да ги извршува надвор. Сигурно се прашувате како?Ако кучето е земено во зимно време и е мало нормално е дека не смеете цело време да го оставате надвор, туку откако ке стане кучето од спиење биодете со него надвор, или купете стецијален песок и ставете го во кутија во некој ќош од собата, и кучето носете го на песокот и откако еднаш ке ја изврши првата физиолошка потреба тоа после само ке знае дека таму му е местото за физиолошките потреби. Додека кучето е мало потребно е да му се дава малку згреано млеко помешано со вода, кога ке има три месеци може млеко и леб, а кога ке има пет-шес месеци може да се дава специјална кучешка храна.

ОПШТО ЗА ОВОЈ БЛОГ

Oвој блог е наменет за животните, а најмногу ке се опишуваат карактеристиките на кучињата и мачките, и затоа овој блог е наречен „animals“. Во овој блог ке дознаете нешто повеќе за домашните животни(кучиња, мачиња, папагали, ит.н.), и неколку совети за истите. Но ке дознаете нешто повеќе и за дивите животни, на пример:лавови, слонови, срна, делфин, итн.

Yellow Puppies Blogger Template | Template Design | Elque 2008